Направете си сами дома Бејлис


Состојки:

  • 8dl млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 1 кесичка пудинг со вкус на карамела
  • 1 кесичка шлаг пена
  • 100g бела чоколада
  • 2dl виски

brz-recept-za-domasen-sladok-bejlis-01Подготовка:

Млекото и шеќерот ставете ги во длабок сад на оган, се додека не провријат. Смесата за пудинг и шлаг измешајте ги со неколку лажички млеко, а потоа додадете ја течноста во млекото и шеќерот.

Смесата ќе започне да се згуснува по само неколку минути. Тогаш додајте ја белата чоколада ситно искршена и добро мешајте.

Оставете ја смесата да се олади, а по 1 час додајте го вискито и добро промешајте.

Служете со коцки лед, во ниски чаши. Проросете цимет или рендано чоколадо, по желба.

ЦрноБело.ком

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1