Фармерот Раџпал Синг од индиската држава Пенџаб отишол на доктор минатата недела, а резултатите на испитувањето ги шокирале докторите.
Се започнало со силни болки во стомакот, а потоа било утврдено дека во стомакот има над стотина страни тела. Фармерот бил опериран двапати, а при операцијата од неговото тело биле извадени 140 монети, 150 шајки и неколку штрафови и батерии.
Докторите објасниле дека сите страни тела не биле отстранети при првата операција.
– Голтав парички и метални предмети со сок или со млеко. Западнав во депресија поради семејни проблеми и потоа ја стекнав таа бизарна навика – изјавил фармерот.
Синг додал дека оваа навика можела да го убие.
– Докторите ми рекоа дека овие предмети бии можеле да ми ги продупчат цревата и на крај би можел да умрам. Сега е многу полесно, никогаш повеќе нема да го правам тоа – објаснил Синг.
Раџпал бил опериран подолго од девет часа.
– Пациентото дошол со силни болки во стомакот. Кога направивме ендоскопија не зачуди големиот број на страни тела – изјавил докторот.
Докторите објасниле дека сите страни тела не биле отстранети во текот на првата операција, и почекале три дена телото на пациентот да закрепне пред да ги отстранат и останатите предмети.