Пејачот Сергеј Четковиќ со својата сопруга Кристина посвои две ќеркички. Тој конечно ја отвори душата за среќата после 12 години брак некој да го вика тато и проговори за своите миленички Лоли (4) и Мили (2).
-Не сакам да зборувам многу за тоа во медиумите, тоа е мое и приватно, но се надевам дека примерот ќе им послужи на другите. Знам дека откако се усреќив и многу други луѓе ја пронајдоа среќата на ист начин. Среќа пронајдоа и тие дечиња од домот за незгрижени деца. Мислам дека не постои ништо поважно и поубаво од тоа да се биде родител и на секое дете да му се пружи топол дом. Моето семејство е среќно такво какво што е. Пред две години станавме побогати за уште еден член и кој знае дали ќе сопреме на тоа. Сега не размислувам за посвојување на уште едно дете и најважна ми е среќата на моите два ангели. Еден ден, се разбира, дека ќе им кажам дека се посвоени, тие би требало да го знаат тоа. Кристина и јас ќе им помогнеме ако сакаат да дознаат што било за нивните биолошки родители, изјави пејачот.
Тој е еден од малкумината од јавната балканска сцена што се одлучи на овој чекор. Покрај него најпознат пример е кошаркарот Влада Дивац, кој ја посвои ќеркичката Петра.