ФОТО: Сергеј Трифуновиќ се степал за запалка и цигара


Популарниот актер Сергеј Трифуновиќ бил искасан по рацете и удрен во пределот на челото од страна на маж, кој бил приведен и сослушан во полициска станица и против кого е покрената кривична пријава.

По распитот во станицата, Сергеј отишол во ургентен центар, каде што бил прегледан и раните му биле санирани и дезинфекцирани.sergej 6

„Не бев пронајден на улица. Сам отидов во ургентен центар за да ми ги дезинфицираат раните. Човекот скокна на мене и почнавме да се бориме, а за време на борењето ме касна за двата прста. Затоа отидов да ми ги дезинфикуваат раните, бидејќи каснувањата од човек се најопасни. Не лежев во болница, човекот беше приведен и јас дадов изјава“, изјави Сергеј за Курир.рс.

Белградската полиција соопшти дека го привела Горан Илиќ (41), кој се сомничи дека вчеравечер го нападнал актерот пред една сендвичарница во Врачар, но по распитот е пуштен на слобода. Против него ќе биде покрената кривична пријава за насилничко однесување, соопшти портпаролката на Обвинителството, Лепосава Вујановиќ.
Медиумите пренесуваат дека Трифуновиќ и Илиќ се скарале пред сендвичарницата „без конкретна причина“, а откако го искасал по дланките, Илиќ избегал, а на Трифуновиќ му била укажана потребната болничка нега.

Набргу по настанот, актерот се огласи на социјалните мрежи:

„Претпоставувам дека љубоморниот Ханибал Лектор испратил истрениран ученик, бидејќи завршил на второто место на листата на психопати на ИМБД, зад Вукмир. Што ли ќе направи Џони Шининг, кој е на третото место…“, напиша Сергеј под фотографијата на која се гледа дека прстот му е завиткан со завој.

Приведениот Горан Илиќ, пак, изјави:

„По вербалното недоразбирање што се случи во пекарницата рано изутрина, а која се однесуваше на глупости, поточно, на запалка и цигари, Сергеј Трифуновиќ почна да ме навредува со зборовите дека сум слепец и дека тој не пуши толку евтини цигари, па дојде до физичка пресметка, за време на која го каснав за прст додека тој беше врз мене и ме гребеше по лицето“, раскажа Горан за курир.рс, додавајќи:

„Не ми се верува дека јас сум обвинетиот, а всушност сум жртва, додека виновникот стана жртва само затоа што е позната личност и од сето ова си прави реклама.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1