ФОТО: Си ја убил тешко болната ќерка затоа што не можел да ја гледа како страда


Случајот што ја шокираше хрватската јавнотст, но и ги подели мислењата за оправданоста на чинот, наскоро повторно ќе биде доведен пред судот.

Станува збор за случајот во кој Хрватот Јосо Грегуриќ пред две години го прекина животот на својата тешко болна ќерка Маријана, давајќи и неутврдена количина на таблети преку сонда за хранење и пресекувајќи и ги вените на рацете, поради што дваесет и тригодишната девојка искрвавила до смрт.

tatko-kerka500

 

Пред судот во Сисак му е закажано повторно судење, откако минатата година веќе му била пресудена затворска казна од две години, односно делумна условна казна, според која една година мора да помине во затвор, а во текот на втората би бил на условна слобода, пренесуваат тамошните медиуми.

 

Пресудата беше укината од страна на Врховниот суд поради несовпаѓањето на изворниот записник со објавената пресуда, па мачното судење на таткото кој од сожалување ја убил својата тешко болна ќерка, ќе биде повторено.

Kurir

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1