Холивудскиот актер Том Хенкс објави фотографии на Фејсбук со кои ги воодушеви фановите, а особено оние на кои им се добро познати автомобилите „Фиќо“ и „Пегличка“.
Ханкс на една фотографија позира покрај моделот „Фиат 126“, познат на балканските простори како „Пегличка“ и под напиша: „Многу сум возбуден поради новиот авотмобил“.
Потоа на ред дојде и „Застава 750“, односно популарното „Фиќо“.
„Добив нов автомобил“, напиша Хенкс под оваа фотографија.
Омилениот актер обожува антиквитети, а познато е и дека собира и машини за пишување. Некои од овие фотографии потсетуваат на сцената од филмот „Драгнет“ кога Хенкс со колегата Ден Ајкројд се обиде да вози „Југо“.
Том минатата година позираше за „Фиат 500“ кога напиша дека размислува за купување на нов автомобил и ги насмеа фановите. Но, судејќи според новите фотографии, можно е Том навистина да седне во некои од овие класици.