Негувателката во градинка во Аеродром истурила врело кафе врз лицето на девојченце


Отказ од работа ќе добие негувателката која вчера истурила врело кафе врз лицето на детето додека тоа спиело во своето креветче во детската градинка „Чекорче“, клон на градинката „Срничка“ во скопската населба Аеродром.

-Негователката ќе добие отказ од работа и тоа ќе биде завршено до крајот на работниот ден. Постапката е во тек, запазени се сите законски процедури и нема ништо да криеме. Се работи за здравјето на нашите деца и нема да толерираме вакви неодговорни работи, изјавил за НОВА директорот Јоаким Димулков.detska-gradinka

Настанот се случил вчера во занималната на постара предучилишна група. Додека едно од девојчињата лежела во своето креветче, негователката влегла со филџан штотуку сварено кафе иако не било време за пауза. Во еден момент филџанот со врело кафе се истурил врз левата страна од лицето и окото на девојчето. Девојчето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на окото и левата јаболчница, по што било однесено на Клиниката детска хурургија од страна на родителите.

По пријава на родителите, случајот беше обелоденет во Билтенот на МВР. Полицијата работи на расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1