ФОТО: Сите се фалат со брзи и скапи “ѕверови“, а Том Хенкс со Фиќо и Пегличка


Холивудскиот актер Том Хенкс објави фотографии на Фејсбук со кои ги воодушеви фановите, а особено оние на кои им се добро познати автомобилите „Фиќо“ и „Пегличка“.tom-auto

Ханкс на една фотографија позира покрај моделот „Фиат 126“, познат на балканските простори како „Пегличка“ и под напиша: „Многу сум возбуден поради новиот авотмобил“.

Потоа на ред дојде и „Застава 750“, односно популарното „Фиќо“.

„Добив нов автомобил“, напиша Хенкс под оваа фотографија.

Омилениот актер обожува антиквитети, а познато е и дека собира и машини за пишување. Некои од овие фотографии потсетуваат на сцената од филмот „Драгнет“ кога Хенкс со колегата Ден Ајкројд се обиде да вози „Југо“.tom-avtomobil

Том минатата година позираше за „Фиат 500“ кога напиша дека размислува за купување на нов автомобил и ги насмеа фановите. Но, судејќи според новите фотографии, можно е Том навистина да седне во некои од овие класици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1