Земјотресот го „напукна“ римскиот Колосеум


Два месеци по катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа 300 луѓе, Италија ја погоди уште еден земјотрес за кој велат дека е најлош во последните 30 години, поради што се појавиле пукнатини на светските познати знаменитости во Рим.

Земјотресот го погоди центарот на Италија, но последиците се почувствуваат и во Рим и Венеција, а во извештајот стои дека по земјотресот се појавиле пукнатини на познатите италијански знаменитости, вклучувајќи и 2.000 години стариот Колосеум во Рим.koleseum rim

Пукнатини с епојавиле, исто така, и на Црквата „Св. Павле“, надвор од ѕидините на Ватикан, што е изградена во четвриот век, а за време на земјотресот делумно од објектот е паднат покривниот венец.

Делот што го поддржуваше огромниот свеќник, исто така, е оштетен и може да предизвика голема штета. Оваа базилика е една од четирите најстари во Рим.

Се чини, дека заспаниот вулкан, што се наоѓа околу 20 километри од главниот град, може да се активира откако експертите пронајдоа знаци на активност длабоко под површината.

Тие наведуваат дека ерупцијата не е неминовна и дека ќе се случи за околу 1.000 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1