Метропола сме или што сме? Конечно го дочекавме отворањето на трговски центар каде ги има познатите светски брендови. Наместо да се трча во шопинг во Турција, Грција, Белград – сега се си имаме тука во градот.
Пред Сити Мол денеска гужва како џабе да се делат евра. Немаше место ниту да се разминеш, се блокираа касите на Carrefour. Нема кој не отиде во трговскиот.
Но нема да сме ние ние доколку не се случеше оваа фотографија која веќе стана хит на социјалните мрежи. Aвторот на фотографијата нашиот читател Мите Кум Лазаревски не можел да одолее да не ја овековечи оваа идила и спој на модерната метропола со примеси на ,,натуралното,, по булеварот Партизански одреди.
Во ,,Сити Мол,, и КОЊ. Светски трговски да, но со примеси на Шутка од кои неможеме да избегаме. 🙂 🙂