Откриена тајната зошто не се расипува Happy Meal oд Мекдоналдс – Видео


И покрај тоа што Мекдоналдс, како и секој друг успешен бренд, се служи со разни трикови со цел што подобро да го претстави својот производ, на интернет веќе подолг период се раскажуваат приказните за неуништивиот хамбургер од Мекдоналдс.

Ова е снимка на која се покажува Happy Meal, кој бил чуван четири години, а кој за тоа време нималку не се изменил, што наведува до заклучок дека храната која се служи во Мекдоналдс е преполна со адитиви.
Оваа дилема неодамна е повторно актуелизирана на страницата на Мекдоналдс, каде што еден посетител поставил прашање: „Која е причината што вашите хамбургери не се расипуваат“.

Раководителката на оделението за испитување на квалитетот на храната на Универзитетот Гвелф во Канада, Кит Ворнер, ја откри мистеријата на долговечноста на храната во Мекдоналдс. Тој вели дека бактериите кои предизвикуваат труење, како и другите организми, односно за да се развиваат потребна им е вода, хранливи супстанци, топлина и време за раст.
„Ако им го одземеме кој било од овие елементи, тогаш не можат да растат и да ја уништат храната“, објаснува Ворнер.

Кога се подготвува хамбургерот во Мекдоналдс, месото ја губи водата за време на термичката обработка. Земичката е направена од леб. Печењето допринесува до извлекување на вишокот на влагата. Тоа значи дека по подготовката хамбургерот е релативно сув. Кога ќе се остави на отворено доаѓа до додатно губење на водата. Така доаѓа да во недостиг на влага, хамбургерот да се суши и да не се расипува.

„Ако сакаме да го расипеме хамбургерот од Мекдоналдс, потребно е само да го спречиме губитокот на влага. Тоа можеме да го направиме ако замотаме хамбургер во прозирна фолија и да го оставиме во влажна просторија, како што е на пример купатилото“, тврди Ворнер.

Инаку имало и експрименти кои докажале дека и покрај хамбургерите од Мекдоналдс има и други кои што не се подложни на расипување. На блогот за храна „А Hamburger Today“, е споредено распаѓањето на хамбургерот, направен во кујна работилница и оној кој што се подготвувал во Мекдоналдс. Се дошло до заклучок дека нема голема разлика помеѓу едниот и другиот производ.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1