Македонските стрип херои на „Бела ноќ“ 2012


Повеќето од нас имаат слушнато за Бетмен, Супермен, Капетан Америка и за уште многу други увозни стрип херои. Но кога се во прашање оние македонските, за жал, ситуацијата е многу поразлична. Причините за тоа во никој случај не се должат на немањето такви, напротив.

Македонски автори и во минатото, а и сега неуморно креирале и продолжуваат да креираат стрип херои. Проблемот произлегува од недостатокот на стрип издаваштво на домашни стрипови, без што на пошироката македонска публика, особено на оние најмладите, им се ускратува можноста да се запознаат со нив.

Сепак добрата вест е дека оваа сабота, во рамките на годинешната манифестација „Бела ноќ“, ќе бидат прикажани поголем број на илустрации на македонски стрип херои. Изложбата насловена како „Ретро респект“ е во организација на Здружението за промоција на стрип културата во Македонија „Макстрипови“.

„Замислата за темава на изложбава е уште еден начин да си ја рашириме и промовираме домашната култура, да се потсетиме на постарите македонски стрипови, да покажеме почит кон претходните генерации автори со чии стрипови сме пораснале.

Новава генерација на стрип автори направија ре-дизјан на оригиналните македонски стрип ликови, но во свој, оригинален стил. Изложбата ќе биде збогатена со работилница во живо, каде што ќе може на лице место да се види работењето на македонските цртачи, а планирано е да се појават и некои од старите стрип легенди“ – вели Давор Драмиќанин, од здружението „Макстрипови“.

Па така сите вие кои што никогаш не сте слушнале дека и ние имаме наши стрип херои, во сабота, со почетокот од 20.00 часот, повелете во Галеријата Ко-Ра (Дом на Градежници), каде што ќе ја имате ретката можност да се запознаете со дел нив.

Александар Стеванов

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1