Вработените во една фирма во скопски Капиштец во центарот на градот кога пристигнале на работното место во својата канцеларија наишле на неочекуван „натрапник“, при што останале во шок и неверување, кога во кантата за отпадоци начекале змија од дури половина метар.
Станува збор за Смок. Овие змии живеаат на посуви места и во овој период од годината кога се затоплува времето излегуваат на сонце за да ја сменат кожата.