Кој ќе биде наследник на Мијалков?


Неговата слика уште стои на сајтот на МВР како директор на УБК. Според сајтот на министерството испразнета е само директорската позиција на Бирото, додека како прв човек на УБК уште стои Мијалков. Законот за внатрешни работи предвидува дека министерот го предлага директорот на УБК, а владата го назначува. Истите правила важат и за Бирото за јавна безбедност, пишува Телма.g_saso-mijalkov

За бирото за јавна безбедност најмногу се споменува името на Горанчо Савески, актуелен началник на СВР Скопје, кој исто така ја вршеше и функцијата директор на централните полициски служби.

Koj по Мијалков, ќе застане на чело на УБК -има повеќе кандидати.

Некои сметаат дека нов директор на тајната полиција ќе стане Горан Груевски, актуелен началник на таканаречената петта управа, која е задолжена и за следење на комуникации. Втората верзија е дека по Мијалков, ќе дојде неговиот шеф на кабинет во УБК, Тони Јакимовски. Двајцата во МВР стигнаа 2006-та година, од военото разузнавање, заедно со Мијалков, кој тогаш беше назначен за директор во управата за безбедност и контраразузнавање.

Од МВР не откриваат кои се предлозите на Чавков за директорските позиции, а помошник министерот за односи со јавност Иво Котевски вели дека предлогот е испратен до владата. Портпаролот на владата Александар Георгиев за Телма изјави дека за назначување на овие функции нема рокови, а откако предлогот ќе помине на седница владата ќе ја информира јавноста за новите директори.

Telma

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1