ФОТО: Снимена комета над Скопје


Скопското астрономско друштво успеа да ја сними кометата C/2011 L4 PanSTARRS која помина над Скопје.

kometa500-Иако успеавме да ја набљудуваме уште на 10 март, во момент на перихел, сепак поради близината со сонцето беше видлива само на фотографија и со двоглед. Вчера, на почетокот имавме потешкотии да ја лоцираме очекувајќи да биде со истиот интензитет од пред 10 дена, па моравме да ја лоцираме со долга експозиција на фотоапаратот кога и почна фотографирањето. Имавме одлични временски услови, добар сјај на кометата и во добра позиција над хоризонтот,а со тоа и 40-тина минути активно набљудување и фотографирање, велат од астромското друштво.

Кометата, која е видлива со голо око,  е снимена пред да зајде зад Шар Планина. Фотографијата е направена од Скопје.

1kometa500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1