32 – годишниот планинар и параглајдерист од Битола, Петар Костадиновски го загуби животот на Пелистер. Според полициски извори, Костадиновски вчера заминал на планина со својот велосипед и за последен пат остварил телефонски контакт околу 13:30.
Откако родителите во повеќе наврати не успеале да го добијат, испратиле пријтели да го пронајдат момчето. Заради непристапноста на теренот и лошите временски услови на Пелистер, безживотното тело на Костадиновски било пронајдено дури во 03:30 по полноќ.
Претпладнево телото на Костадиновски беше пренесено во Битола со хеликоптер на специјалната единица на МВР. Во акцијата учествуваа планинари и припадници на Регионалната Дирекција за заштита и спасување.
Уводи на местото на кое Петар Костадиновски го загуби животот изврши крим техника при СВР Битола, а телото е предадено на обдукција во Клиничка болница.
Фото – Максим