ФОТО: Со инструкции преку телефон, ја породил сопругата во автомобил


Хрват, татко на две ќерки, добил син на кого самиот му помогнал да дојде на свет.

Несекојдневна приказна која се случила минатата сабота, започнала рано наутро, на мост во Задар.hrvat-bebe

Младата мајка не можела да ги издржи породилните болки и пред да стигне во болница се породила во автомобилот.

Сопругот породувањето го извршил со помош на доктор од Брзата помош, кој му давал инструкции по мобилен телефон, додека таму да пристигне амбулантото возило.

Бебето веќе било завиткано во ќебе кога пристигнале болничарите, а возбудените сестрички гордо изјавиле дека добиле братче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1