Сообраќајна несреќа попладнево се случила на влезот од скопско Бардовци во која повредени се две лица.
Од СВР Скопје за Курир велат дека до несреќата дошло при судир на автомобили „Рено“ и „Ровер“, двете со скопски регистерски таблички.
-Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи на автомобилите, 29-годишниот Б.А. кој го возел „Реното“ и 70-годишната В.Т. која го управувала „Роверот“, вели за Курир портпаролот на СВР СКопје, Лиза Бендевска.
Двајцата повредени се пренесени во градската болница „8-ми Септември“, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.
Kurir.mk