Расчистување на сметките во српското подземје е причината за страшниот напад кој вчера го преживеало семејството Богдановиќ.
Мина од рачен минофрлач завршила во нивната дневна соба.
Во куќата во тој момент покрај Саша Богдановиќ, била неговата сопруга и двете деца, неговиот татко и брат му а за среќа никој од нив не е повреден.
Гранатата влегла преку клима уредот и експлодирала во дневната соба.
Богдановиќ е познат во српското подземје како изнудувач и вмешан е во голем број нелегални бизниси. По неговите стапки „оди“ и неговиот брат.