ФУДБАЛСКА ЕУФОРИЈА:За кого навиваат македонските познати фаци?


naslovna2

Вистина.мк ги праша македонските познати фаци за кого тие навиваат на Мундијалот кој се игра во Бразил и ви ги претставуваме нивните фаворите на СП:

andrijana janevskaАндријана Јаневска :

Навивам за Холандија, затоа што сум фан на нивниот фудбал, отсекогаш!

За Холандија навивам уште од дете, од моето прво светско првенство кое го гледав 1990 во Италија.

 

martin trpcevskiМартин  Трпчевски:

Бразил. Сакам да одам само поради Бразилките и да навиваме заедно…

 

 

daniel kajmakoskiДаниел Кајмакоски:

Најубав фудбал играат Шпанија и Бразил, но навивам и би сакал да ги видам во финале Босна и Херцеговина и Хрватска.

darko ilievski

 

Дарко Илиевски:

Не гледам многу фудбал, но секогаш сум навивал за Бразил, па така е и оваа година оваа репрезентација е мојот фаворит.

Како домаќин, тим од одлични играчи и мислам дека ја заслужуваат победата на ова првенство.

joce panovЈоце Панов :

Мој избор се селекциите се Хрватска и Португалија. Хрватска поради тоа што Лука Модриќ  кој е дел од оваа репрезентација игра за Реал Мадрид , но и затоа што веќе три години  функционирам и снимам во Хрватска.

За Португалија поради Кристијано Роналдо кој е број 1 во фудбалот и игра за Реал Мадрид

 

 

tajzi

 

Тајзи:

Навивам за Аргентина. Сакам Лионел Меси да го освои светското и да биде прогласен за најдобриот играч во историјата во фудбалот.

 

 

зоран дзорлевЗоран Џорлев:

Немам посебни фаворити. Ќе навивам за добра игра за да ни биде несекојдневно гледањето фудбал пред малите екрани како и што доликува на едно вакво првенство.

 

хеена роза

 

Хелена Роза :

Навивам за Касиљас, едноставно обожавам голмани, а Касиљас е најдобриот и најзгодниот. Шпанија до финале!

 

Повеќе јавни фаци на – Вистина.мк 

 

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1