Гробот на гроф Дракула е пронајден во Неапол – никој не смее да го отвори (Фото)


Италијанските историчари во Неапол го откриле гробот на озлогласениот влашки кнез Влад Цепеш, познат како Дракула, чие име стана синоним за страв и хорор и милиони луѓе ширум светот го поврзуваат со вампири.

article-2655354-1EABF83500000578-232_634x286 Средовековниот романски владетел, кој го добил надимакот Цепеш  е поттикнат според убивањето на неговите противнции со набивање на кол. Тој не загинал во битката против Турците, туку последните денови ги поминал покрај својата ќерка Марија, која била омажена за благородник од Неапол, тврдат Италијанците.
До овој необичен заклучок дошле кога во Црквата Санта Марија ла Нова во Неапол откриле гроб од 15-ти век накитен со симболи на карпатските аристократи.article-2655354-1EABF84A00000578-301_634x358
– Кога ќе ги погледнете врежаните скулптури, симболиката е очигледна. Показателот дека гроф Дракула е погребан тука е самиот факт дека гробот е накитен со две сфинги – симбол на градот Теба, кој понекогаш го нарекуват и Тепеш, а исто така и змејот кој е симбол на грбот на семејството на Влад.” – истакнал историчарот Рафаело Глини од Универзитетот во Талин и додал дека со овие знаци всушност е изгравирано неговото име – Țepeș (Цепеш) Дракула.
– Влад, прекарот Дракула го добил бидејќи неговиот татко го нарекувале Дракул, што значело змеј, па Дракула значи змејче – истакнал научникот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1