APPLE призна: Полначите се прегреваат и палат – ИТНО ЗАМЕНЕТИ ГИ БЕСПЛАТНО – еве детали


Apple на својот официјален сајт призна дека полначите А1300 можат да се запалат и упати итно предупредување до корисниците кои имаат полнач за Ајфон А1300 итно да го променат. Полнач од новата серија ќе им биде даден бесплатно!!!

polnac iphoneКорисниците од 37 европски земји треба веднаш да се јават во преставништвата на Appl во нивната земја – а на листата земји е и Македонија. Додека да го замените стариот полнач, никако не вклучувајте го во струја туку телефонот полнете го преку USB на компјутерот

Доколку поседувате „iPhone 3GS“, „4“ или „4S“, произведени меѓу септември 2009-та и октомври 2012-та година, тогаш „USB“ полначот за вашиот телефон можете и морате бесплатно да го замените за нов. Причината за тоа е што тие полначи при користење можат да се прегреат и претставуваат ризик за безбедноста. „Apple“ за таа цел започна програма за замена на полначите во 37 земји, кои користат европски приклучоци.

Списокот на земји чии преставништва на Apple треба да ги променат полначите е на следниот ЛИНК.

Покрај тоа, доколку имате „Apple USB“ полнач од 5W кој е прикажан доле лево на сликата, ознака на моделот „1300“ и букви „CE“ испишани со сива боја, од компанијата препорачуваат веднаш да ги замените за нови, прикажан на сликата десно.

Apple-punjac

iphone phone mobil11

Се што треба е да се упатите до најблискиот овластен „Apple“ сервис, да го понесете таквиот полнач, но и вашиот „iPhone“ со цел вработените да можат да го идентификуваат по серискиот број.

Од 18-ти јуни 2014-та во програмата ќе бидат опфатени и партнерските оператори, па замената ќе може да се изврши и во просториите на операторите, порачуваат од „Apple“.

Доколку вашиот уред сте го сервисирале поради овој проблем и таа поправка сте ја платиле, „Apple“ ќе ви понуди враќање на парите.

Инаку цена на оргинален Apple полнач A1400 на интернет сајтовите чини околу 35 долари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1