Српски рибари пронашле фосил стар 150 милиони години во река, е насловот на веста која е објавена на “Nydailynews”.
Сепак, вистината е малку поразлична. Имено, фосилот стар 150 милиони години е пронајден во Сибир а не во Србија, но се чини дека за Американците тоа е едно исто(Serbia, Siberia).
И покрај таа грешка, информацијата дека е фосилот стар 150 милиони години е пронајден во река е точна.
Рибарите фосилот го пронашле сосема случајно. Еден од рибарите, Олег Јушков здогледал препрека која стрчела од реката Рута-ру на сибирскиот полусотров Јамал. Тој и од далеку сфатил дека тоа многу наликува на глава од крокодил и дека тоа не може да биде камен.
Откритието го овековечиле со фотоградии кои подоцна ги пратиле во Зоолошкиот музеј на Институтот за екологија, билки и животни во Јекатеринбург.
Одговорот кој го добиле бил доста интересен. Експертите објасниле оти мислат дека фосилните остатоци припаѓаат на гуштер кој живеел пред 150 милиони години. Сепак, за конечната потврда остатоците морале да бидат прегледани со цел да се утврди точната старост на фосилот.
Научниците сметаат дека откритието е многу значајно и се надеваат дека ќе го прегледаат пред реката да го однесе.