Фото: Станот на пратеничката Буралиева ишаран со навредливи пораки


Пратеничката Љубица Буралиева добила заканувачка порака од непознати лица во нејзиниот дом, дознава Република. Во текот на вчерашниот ден на влезната врата од нејзиниот стан со црн спреј било испишано „К**во продадена“.

Screenshot_5

Буралиева е една трите пратенички од листата на опозицијата која не ја почитуваше одлуката на раководството на СДСМ да не се појавуваат во Собранието, поради што беше изложена силни вербални закани, притисоци и навреди од дел од сопартијците, но и од медиумите блиски на опозицијата.

Ја посочуваа како предавник кој се интерсирал само за пари, но не и за доброто на партијата, иако истите тие што ја навредуваа, со месеци ги добиваа истите бенефити од државата без да се појават во Собранието.

За сега не е познато кој стои зад последниот дрзок обид да се заплаши пратеничката и тоа токму во нејзиниот дом. Наши извори велат дека пратеничката исплашена за својот живот случајот го пријавила и во полиција која ќе треба да утврди кој стои зад заканите и да го изведе пред лицето на правдата.

Foto – Republika

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1