Во верижен судар на неколку десетици возила на приморскиот автопат во Словенија, меѓу Сеножече и Нанос во правец на Љубљана, според неофицијалните податоци загинале пет лица, а повеќе се повредени, јави СТА.
Во полициската управа Копра наведуваат дека сообраќајната несреќа ја предизвикала слабата видливост поради маглата.
Во оваа полициска управа велат дека се судриле меѓу 30 и 40 автомобили и товарни возила.
Сообраќајната несреќа се случила околу 14 часот.