Четериесет годишниот кавадaрчанец Тони Станоев вчера изврши тројно убиство. Во семејната куќа во центарот на Кавадарци со пиштол ги застрела сестрата на неговата сопруга, триесет и тригодишната Снежана, нејзината мајка Билјана (56) и нејзиниот татко Илија (61).
Тони бил поранешен зет на убиените. Во петокот завршил бракот со ќерката и сестра на убиените, 35 годишната Данче, која работи како дактилограф во кавадаречкиот суд, пишува локалниот портал Дума.
Трагедијата која ги потресе кавадарчани се случила денеска околу 16 часот, во семејната куќа на Леови која се наоѓа на улицата „Зелен пазар“. Поранешниот зет пукат со питол кој легално го поседувал, во момент кога неговата поранешна сопруга била на работа.
Случајот во полиција го пријавила Данче, а трагедијата за кратко време се прошири низ Кавадарци.
-Кавадарчани со кои разговаравме, а во моментот биле околу градскиот пазар не слушнале истрели. Ниту пријателите на убиецот не претпоставиле дека тој извршил грозоморен чин кога го поканиле да седне со нив во блиската кафеана. Тој поминал покрај нив и одговорил дека ќе се врати, но не го сторил. Веднаш побегнал и го испразнил шаржерот од пиштолот што со себе го носел, пишува Дума.
Тага, болка и лелеци вечера одекнуваат од куќата на Леови. Сестрата на Илија, оплакувајќи го својот брат, раскажа за голготата низ која поминувале жртвите но и нејзината внука, поранешна сопруга на Тони. Таа низ солзи кажуваше дека често сите биле малтретирани. Во повеќе наврати семејното насилство било пријавувано во надлежните институции, но никој не превземал ништо.
Убиецот порано работел во Единицата за брза интервенција Алфи. Во бракот со Данче имале две малолетни деца и многу често ги малтретирал и нив.
Илија или меѓу своите сограѓани познат како Били, работеше графички дизајн, а неговата сопруга и ќерка Данче се вработени во кавадаречкиот суд. Убиената Снежана е мажена пред само неколку дена. И во моментот на убиството била случајна гостинка во куќата на нејзините родители.