ФОТО: Тајната на мистериозното девојче кое го преживеа падот на авионот во Кентаки


Седумгодишната Сејлор Гуцлер која го преживеа падот на авионот во Кентаки и покрај бројните повреди успеа да пронајде помош, вели дека во тоа успеала благодарение на советите кои порано ги добивала од својот татко за преживување во дивина.

Таа е единствениот преживеан патник во семејниот авион кој се урна во тешко пристапен предел во западен Кентаки. При падот загинаа нејзините родители, сестра и и уште една нејзина роднина.

devojceto500

Храброто девојче излегло од уништениот авион, запалило гранка од дрво од огнот од опожарениот авион и потоа се упатила во ноќта и покрај тоа што обилно крварело и имало повеќе скршеници.

Според нејзините зборови одела нешто повеќе од еден километар низ мрачната шума, се додека не дошла до првата куќа каде што добила помош.avion-nesreca

Нејзиниот татко Марти Гуцлер (48) пилотирал со авионот во сурови временски услови, а пред несреќата побарал помош.

Четириесет минути откако авионот го изгубил контактот со контролата за летање, локалната полиција примила дојава од Лари Вилкинс кој велел дека пронашол девојче кое тврдело дека преживеало авионска несреќа, во која нејзините родители загинале.

dete avion

Вилкинс раскажал дека девојчето кое дошло до неговата куќа имало лесна облека на себе иако температурата изнесувала само 4 степени и дека на нозете имало само еден чорап.

-Девојчето ми раскажа дека се обидело да ги разбуди родителите пред да го напушти местото, таа е борец, мислела само како да пронајде помош за да им помогне на своите родители, изјавил полицаецот Брент Вајт.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1