Објавена снимка од “CNN”: Последниот преживеан да го објави ова на судниот ден!


Основачот на телевизискиот гигант, непосредно пред активирањето на својот голем проект, размислувал не само за крајот на истиот, туку и за крајот на светот!

Имено, пред 34 години, при активирањето на “CNN”, основачот на првата 24 часовна информативна телевизија Тед Тарнер дал големо ветување за својот нов деловен проект.cnn kraj svet

“Ако ги изземеме можните проблеми со сателитот, нашата програма нема да застане се до судниот ден”, објавил Тарнер, подготвувајќи го последното видео кое што “CNN” ќе мора да го прикаже пред можната апокалипса.

“Химната ќе ја емитуваме само еднаш, а кога ќе дојде крајот на светот, ќе ја пуштиме песната “Nearer My God To Thee”, пред да се одјавиме”, ветил Тарнер при официјалното отворање на една од најпознатите телевизии во светот.

Луѓето мислеле дека ексцентричниот тајкун се шегувал и тоа било така се до синоќа, кога во јавноста се појавила снимката на “CNN” подготвена за крајот на светот.

“Имаме доказ дека не се шегувале”, напишал поранешниот вработен во телевизиската куќа, Мајкл Балабан, објавувајќи го едноминутното видео од споменатата песна во изведба на воен оркестар.

“Ова видео би требало да го пушти последниот преживеан вработен во “CNN” пред да умре од радијација, експлозија, зомби или било кое друго сценарио кое што Тарнер го смислил”, изјавил Балабан.

Според сознанијата на Балабан, видеото и ден денес е подготвено за емитување во интерната архива, насловено како ”Turner doomsday video“, а на истото стои и ознаката: “Не емитувај додека не добиеме потврда дека е крај на светот!”.

Снимката, создадена во форматот 4:3, кој полека заминува во минатото, наводно не било лесно да се пронајде, но Балабан успеал во тоа кога во 2009 година работел како приправник во “CNN”, а истата почнал да ја бара откако за неа слушнал од еден свој професор кој своевремено исто така работел во телевизиската куќа.

Единствено нешто што останува нејасно е деталот за тоа кој човек и од кој извор тој ќе ја добие потврдата дека токму тој ден е крајот на светот, за да може снимката да ја објави.
Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1