ФОТО: Тажна судбина на една мајка- го изгубила здивот, па останала без двете нозе


Трејси Ралф од Велика Британија се подготвувала да трча полумаратон и била во одлична психофизичка состојба, но потоа се случила вистинска катастрофа.

Оваа 34 годишна мајка на две деца на Бадник почнала да се чувствува лошо и да го губи здивот. Веднаш ја однеле во болница во вештачки индуцирана кома, но состојбата почнала да и се комплицира.momlegs

Органите почнале да и откажуваат, добила менингитис, сепса и згрутчување на крвта, како и крвавење во мозокот. За да ја спасат, докторите морале да и ги ампутираат двете нозе, како и сите прсти на рацете.

Нејзиното семејство основаше хуманитарен фонд со што собрале над 22.000 фунти кои ќе и овозможат на Трејси да ги добие најдобрите протези за нозете.

Нејзиниот сопруг Бред и децата Милер и Хадсон, се надеваат на најдобар исход од оваа трагична случка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1