ФОТО: Тензично пред општина Центар – демонстрантите се судрија со полицијата и влегоа внатре


Демонстрантите, организирани од граѓанската иницијатива „Веритас“ се судрија со полицијата и успеаа да влезат во дворот на општината, а има и повредени, пишува Либертас

Сепак, денес, за разлика од петокот, пред општината има повќе полиција и специјални полициски сили кои се обидуваат да се справат со демонстрантите.

centar-sudiriДа потсетиме, тие протестираат во одбрана на црквата „Свети Константин и Елена“, за која градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, увери дека нема да ја руши. Денес пред општината има и контра-протести на мал број поддржувачи на Жерновски.

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, одржа и прес-конференција на која кажа дека градоначалникот Андреј Жерновски свикал седница надвор од процедурата- наместо да бидат советниците известени писмено, добиле СМС пораки, го повика да излезе пред граѓаните и да се соочи со нив, негодувајќи зошто вратите на Општината се заклучени со катанци. Кажа дека не поддржува насилство, но сепак, граѓаните морале некако да го изразат револтот.

Според „Веритас“, образложението на Жерновски дека укинувањето на ДУП-овите ќе значи стопирање на изградбата само на објекти во рана фаза во изградба е измислена кованица која правно е неиздржана и нема законска основа.

Фото – Либертас

centar-sudiri

protest-centar

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1