Правниот факултет нелегално им наплаќал по 500 евра на студентите


Правниот факултет Јустинијан Први постапил спротивно на Законот за високо образование и на генерацијата 2008/09 им наплаќал незаконски по 500 евра како надомест на трошоци за подготвување, пријавување, прегледување, оценка и јавна одбрана на магистерскиот труд, одлучил Вишиот управен суд.

20120305-pravenПретходно Управниот суд пресудувајќи по жалба на Правниот факултет против одлука на Државниот просветен инспектор и решение на Министерството за образование ја отфрлил жалбата, односно констатирал дека Правниот факултет одлуката за наплата на надоместот ја донел во спротивност со законските одредби.

Факултетот се жалел до Вишиот управен суд, кој ја констатирале одлуката на првостепениот суд.

Според судската одлука, факултетот не ги почитувал одредбите од член 150 став 1 алинеа 5 од Законот за високото образование, во која е предвидено дека студентот има право редовно да напредува, да се образува и да го заврши студирањето под условите кои важеле при уписот.

Плусинфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1