Бомбашот кој вчера изврши терористички напад врз израелските туристи во Бургас е идентификуван како Mehdi Ghezali, алжирско-шведски државјанин кој поминал две години од својот живот во затворот во Гуантенамо.
Во 2001-та, Mehdi Ghezali бил уапсен за планирање на терористички акти во Пакистан. По две години поминати во Гуантемано, исламистот е екстрадиран ви Шведска, а таму бил ослободен од обвиненијата. Во 2009-тата е повторно уапсен од страна на Пакистанските власти на границата со Авганистан. И повторно по екстрадицијата во татковината е ослободен.
Кај Mehdi Ghezali е пронајдена лажна американска возачка дозвола на име Jacque Felipe Martin. Долгокосиот исламист, вчера носел кратки шорцеви и два ранци и не се разликувал многу од останатите туристи.
Во нападот загинаа 5 израелски туристи, возачот на автобусот кој бил Бугарин и самиот бомбаш. Уште двајца туристи се во животна опасност.
Израелскиот премиер, Нетанијаху, изјави дека сите знаци покажуваат дека позади нападот стои Иран и дека тоа е војна од сенка која се спроведува преку исламските терористи. Најави и одмазда од страна на Израел.