ФОТО: Тешка сообраќајка пред Скопје, три лица на Ургентен


Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која утринава околу 9:15 часот се случила на автопатот Петровец-Скопје

Од СВР Скопје за Курир велат во несреќата учествувале „Ланд Ровер“ во тетовски регистерки таблички, товарно возило „Цитроен“ со штипски ознаки и автомобил „Фиат“ со скопски таблички.

Фото - Курир.мк

Фото – Курир.мк

Трите повредени лица се итно пренесени во Ургентен центар и засега нема информации за нивната здравствена состојба и карактерот на повредите.

Полициски екипи во моментов вршат увид, по што ќе бидат познати причините за несреќата. Сообраќајот се пренасочува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1