Најпознатиот македонски бодибилдер заврши со тренинзите за оваа година и тоа не по негова желба, туку поради повреда која ќе го држи далеку од теретаната во следните неколку недели, објави порталот Точка.
Мирко додека ги изведувал вежбите за гради, легнат на клупата за вежбање, по згрчувањето на неговите мускули, врз него паднале тегови со тежина од 210 килограми. За среќа, брзата реакција на двајца мажи кои што се нашле во моментот покрај него, го спасила од посериозна повреда.
По спроведените медицински прегледи, заклучено е дека станува збор за повреда со неколку испукани мускулни влакна.