ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Во недела -9 степени


Заладување и спуштање на температурата до минус девет степени се очекува за викендот.

Намалување ќе има и на дневната температура при што максимумот ќе биде четири степени, а се најавуваат и врнежи од снег на пониските места.

ladno2

Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија најавуваат дека од петок попладне и вечерта се очекува продор на студена воздушна маса проследен со умерен до засилен северен ветер, нагло опаѓање на температурата и врнежи кои на повеќето пониски места ќе преминуваат во снег.

Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне кога ќе се формира и снежна покривка.

Дневната температура во сабота ќе биде во просек за 10 до 15 степени пониска во однос на денешната.

Kurir

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1