ФОТО: Тешкото, зурли и тапани – права македонска свадба – се омажи Грациела Алачки


Вчеравечер, во хотелот „Александар палас“, се случи свадбената веселба на ќерката на Адријана и Горан Алачки, Грациела, која му кажа „да“ на нејзиното долгогодишно момче Игор Димовски.

kjerkaПреку 300 гости од целиот свет уживаа во музиката на „Академци“ и Драган Мијалковски, но најинтересен беше моментот со играорците од КУД „Кочо Рацин“ каде што членуваат младенците, пишува Утрински.

Првин Грациела го поведе „тешкото“, а потоа нејзиниот сопруг се качи на тапан, а во стилот на традицијата набргу му се придружи и татко и Горан. Весело, достоинствено и наше македонско ечеа ората на кои Граци, ја покажа сета играорска вештина.

Од познатите личности на веселбата присуствуваа Ирена Спировска, Ристо Краповски и Сузе Туринџиева, а вљубената двојка, по вчерашната блага ракија замина на меден месец во Грција.

10443444_344204689061697_6132558517227496319_n 10487217_344204749061691_7272281692801264860_n 10427266_344204839061682_7000400560867997087_n 10409410_343973152418184_5996886549651872680_n 10453362_343942195754613_8755463418547162177_n

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1