Сообраќајна несреќа го „затвори“ булеварот Партизански одреди во Скопје. Според очевидци се работи за прегазен пешак на пешачки премин, по што возачот на автомобилот избегал.
Неофицијално, се работи за девојка од Крива Паланка, родена 1995 година. Според полицијата, патничко моторно возило „Хонда“ удрило во пешак, женско лице и истата починала на лице место.