Невремето кое ја зафати Македонија нанесе големи материјални но и човечки жртви. Најсилниот удар од невремето беше почувствуван во Тетово и тетовско, каде пет лица ги загубија животите поради свлечиште во Мала Речица и Шипковица.
Месната Заедница во Мала Речица повика на итна помош за расчистување на штетите од невремето во кое целиот рид падна врз Мала Речица.