ФОТО Турчин запалил жива трудница во Германија


Страотно злосторство како што го нарекуваат германските медиуми се случило во Берлин и ја потресе германската јавност. Само неколку недели пред да го донесе на свет своето дете, Германката Марија П. (19) жива била запалена од нејзиното поранешно момче, Турчинот Ерен Т. (19).

Заедно со уште еден соучесник, Ерен Т. Минатиот четврток ја намамил девојката во шума во Адлерсхоф во Берлин. Таму следела жестока кавга, по што едно од момчињата двапати и забило нож во стомак на девојката, пренесуваат германските медиуми.54c76c28-e228-4a18-9a7e-0760b0765237-111-718x446

– Бремената девојка очајно се обидувала да се одбрани, а тоа го покажуваат многубројните исеченици на нејзините раце. За жал напаѓачите биле посилни од неа, а откако ја совладале девојката ја полиле со бензин и ја запалиле жива. Овој случај да биде побизарен и пострашен, обдукцијата покажала дека во тие моменти Марија била се уште жива.

Патолозите во нејзините бели дробови пронашле траги од чад што значи дека се уште дишела, иако не се знае дали била при свест.

Марија до последниотатом на сила се борела за својот и за животот на своето неродено бебе, но немала никакви шанси против насилниците – пишува германски „Билд“.

Телото на запалената девојка го пронашле случајни минувачи во петокот наутро, а во текот на истиот ден Ерен се појавил во полиција и пријавил дека Марија исчезнала. Полицијата го сослушала, а тој по кратко време признал дека бил сведок на бизарно злосторство и го навел името на соучесникот.

Полицијата навела дека Турчинот бил целосно бесчувствителен и студен и дека тврдел дека сето тоа била идеја на неговиот другар кој во меѓувреме исто така бил уапсен и се наоѓа во притвор. Марија кобниот четврток била во полиција да го пријави своето момче Ерен поради тоа што и се заканувал со смрт.

Оваа девојка од септември 2012 година била во врска со Турчинот и преку Фејсбук мечтаела за својата љубов. Кога забременила Ерен ја раскинал нивната врска и барал од неа да абортира поради неговото семејство кое не ја прифаќало Марија иако Германката дури преминала во ислам.

Девојката била погодена од сето тоа па на своето поранешно момче на Фејсбук му порачала:„ Сакам да чувствуваш исто како јас, а јас да бидам студена како тебе. Тогаш твоето срце би крварело како што сега оставаш моето срце да крвари“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1