Пресечен регионалниот патен правец Битола – Новаци, се очекува намалување на нивото на водата


Со цел да се ослободи водата од реката Црна и да се избегне големата опасност од поплавување на селата во општина Новаци е ископан канал на регионалниот пат Битола-Новаци.

Foto - Kurir

Foto – Kurir

Со испуштање на водата ќе се избегне опасноста да влезе во куќите и да предизвика голема материјална штета.

На местото каде што е пресечен регионалниот патен правец Битола – Новаци и кој воедно служи за превоз на работниците во комбинатот е поставен времен подвижен премин исклучиво наменет за пешаци. Преку него ќе се врши преземање на работниците од едната до другата страна и обратно.

Одлуката за сечење на регионалниот пат до РЕК Битола беше донесена по денешниот состанок на регионалниот кризен штаб.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1