Детали за ПУЧ: Синот на Верушевска го искршил компјутерот со секира за да ги скријат доказите


Првоосомничениот со случајот „Пуч“ Зоран Верушевски денес во 13 часот од затворот во Шутка е однесен во јавното обвинитекство на распит во присуство на неговиот адвокат и адвокатите на останатите осомничени во истиот случај.

Сител според неофицијални информации објави дека најголемиот дел од доказите биле прибавени од компјутерот на Верушевски.VERUSEVSKA APSENJE

Синот на првоосомничениот  добил наредба од неговата мајка да го искрши компјутерот во кој се наоѓале компромитирачките материјали. Наредбата  ја сфатил сериозно и со секира на ситни парчиња го искршил компјутерот, но како што јави Сител, не успеал да го скрши хард дискот, па токму него го запленила полицијата.

На хард дискот, јавува Сител, се наоѓале најголем дел од материјалите, документи од државните служби, како и докази за поврзаноста и соработката меѓу Верушевски и Заев.

Според информациите на Сител, Заев и Верушевски требале да остварат средба на денот кога поранешниот директор на разузнавачката служба беше приведен. Соработник на Заев го чекал Верушевски на влезот на Струмица, но средбата била откажана кога пеку медиумите дознала дека тој е уапсен.

По апсењето на Верушевски имало неколку обиди да се достави покана до неговата сопруга, но таа не била пронајдена и не се појавувала на работното место. Била добиена наредба да се заплени нејзиниот компјутер и таа да биде приведена. Полицијата ја пронајде во домот на соработникот на Заев, Бранко Палифров во Струмица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1