Фото: Убила педофил бидејќи живее во иста зграда со нејзините деца


Самохраната мајка на пет деца, која со нож го убила својот сосед педофил, вчера била осудена на три и пол години затвор. Сара Сендс (32) живеела во иста зграда во Лондон со 77-годишниот Мајкл Плистед, му готвела и го бранела од соседите кои го нарекувале „педофил“, не знаејќи дека во минатото 24 пати бил осудуван поради сексуални престапи. Висината на казната изненадила дел од јавноста, па медиумите пренесуваат дека Сендс добила „само“ три години затвор.pedofil

По најновите обвиненија на негова сметка, Сендс била бесна на Плистед, кој бил условно ослободен и се вратил во зградата во која таа живеела со децата.

Десет дена по судењето поради злоставување на деца, таа земала нож и во „напад на бес“ го убила Плистед во неговиот стан.

Поротата ја ослободила од вината за убиство со предумисла, но била осудена за убиство од небрежност, по основа на „губење на контрола над сопственото однесување“.

Судијата Николас Кук изјавил дека станува збор за „навистина посебен случај“, и ѝ ја намалил казната од седум на три и пол години, земајќи ја предвид положбата во која се наоѓа како самохрана мајка.

Тој рекол дека нејзините деца, поради фактот дека е таа во притвор, живеат во услови кои потсетуваат на романите на Чарлс Дикенс.

– Земајќи го тоа предвид, но и свесен дека милоста мора да биде ограничена во случаи кога на некого му е одземен животот, ја намалувам казната на три и пол години затвор – рекол судијата.

Објаснувајќи ја одлуката да ја намали казната, судијата рекол:

„Ова е случај во кој обвинетата веднаш се пријавила во полиција во состојба на вознемиреност, никогаш не ја негирала одговорноста за убиството, ниту пак се обидела да се ослободи од доказите, пришто покажала каење.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1