Конкурсот за идејно решение за изгледот на новите банкнотите од 200 и 2.000 денари заврши на крајот од минатата година. Во конкуренција од 52, наградени беа шестмина учесници, но Советот на Народната банка на Македонија се уште не донесе одлука за тоа како ќе изгледаат банкнотите што во иднина треба да бидат пуштени во оптек.
Иако дизајнот на македонската банкнота од 200 денари со Александар Македонски уште не е официјализиран, веќе ги растревожи Грците. Грчките медиуми, новата банкнота ја претставуваат како шлаканица од Македонија за грчката дипломатија.
Порталот „Трагико“ објаснува дека на банкнотата се наоѓа Александар Македонски на Букефал и дека таа е во вредност од 200 денари што изнесуваат околу 3,5 евра.