Овие денови актерката поминува низ вистински пекол. Побара враќање на смртна казна за педофилите..
Весна Петрушевска пред два дена објави статус на Фејсбук во кој истакна дека нејзината ќерка е вистински херој, затоа што и покрај се што и се случило, реши да проговори за несреќниот случај со цел да ги предупреди другите девојчиња.
Весна реши да пише нов коментар истакнувајќи го следното:
„Најмалата казна е 12 години, она што во моментов е најважно е дека има 30 дена притвор, исто така добив стотици пораки од злоставувани девојчиња (голем дел од нив докажани и почитувани личности од нашето општество)кои никогаш не кажале, никогаш не бил фатен злосторникот,а цел живот носат трауми. Затоа треба да се зборува јавно , кога ќе ја добие заслужената казна јас лично ќе го објавам со име и презиме и со фотографија“.
Останува да видиме како ќе се затвори овој случај и каква казна ќе добие зосторникот.