Денеска се слави светецот на жените – ова задолжително мора да го направите


Денеска е Св. маченици Кирик и Јулита.sv kirik i julita

Света Јулита беше од царски род. Беше мажена и во бракот имаше син Кирик. Кога Кирик беше на тригодишна возраст остана без татко, а Јулита без маж. Во тоа време тие живееа во градот Иконија, во областа Ликаонија. Наскоро, кога почнаа прогоните при Диоклецијан, Јулита беше принудена со синот да ја напушти Иконија, па се пресели првин во Селевкија, а оттаму во Тарс, во областа Киликија. А во Тарс се случи нивното мачеништво. Света Јулита беше изведена пред суд како христијанка и ставена на маки пред очите на тригодишниот Кирик. А ова момченце воспитано во христијански дух и самото повика дека е христијанин. Управникот на градот, озлобен од ова смело исповедање на тригодишниот Кирик, го турна момченцето надолу по скалите и го уби. Веднаш потоа беше погубена и мајка му. Така се овенчаа со маченички венец свети Кирик и Јулита во 304 година.

Денеска е празник на мајката и детето, па жените на денешен ден не смеат да ги караат и да им викаат на своите деца за да не бидат болни преку целата година.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1