Совети до туристите како да се заштитат од кражби


Оделението за превенција при СВР Охрид преку велосипедските полициски патроли започна со реализација на проектот „Да се заштитиме од кражби“, насочен со цел подобрување на општата безбедносна состојба, но и превентивна заштита на граѓаните од кражби на плажа, по куќите и становите, кражби од возила и други имотни деликти.kradec

Во рамките на проектот полициските службеници-велосипедисти во комуникација со граѓаните во централното градско подрачје а посебно на плажите, со угостителите како и со одговорните на паркиралиштата, на туристите им делат едукативни флаери со предупредувања и совети околу потенцијалните опасности од кражба, како да се чуваат паричниците, мобилните телефони, автомобилите.

Покрај во превентивните, велосипедската полициска патрола е активно вклучена и во репресивните мерки насочени кон реализација на кражби, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни казнени дела по плажите и паркинзите како и во централното градско подрачје. Велосипедистите-полицајци се активни и на реализација на мерките насочени кон одржување на јавниот ред и мир.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1