ФОТО Весна Змијанац непрепознатлива: Го „испеглала“ цело лице!


Весна Змијанац (58) се пофалила со новиот изглед објавувајќи фотографија на Инстаграм, пишува српски „Блиц“. Невозможно е да не се забележи дека Весна има многу позатегната кожа на лицето и дека изгледа неколку години помладо. Таа тврди дека само се подложила на третман – вбризгување колаген. Што и да направила, факт е дека по зафатот речиси нема брчки околу очите, на челото и околу усните.600226_2425_ff

На Весна ова не и е првпат да ги „пегла“ брчките. Уште кога во почетокот на 2011 година отишла „под нож“, Весна рекла дека и е жал што уште порано не се подмладила.

– Да знаев дека без проблеми ќе тече закрепнувањето, многу порано би го отстранила подбрадокот и би направила „фејс лифтинг“ – рекла Весна по операцијата која траела цели пет часа.

Пејачката вели дека нема потреба да оди на операции и дека сега само ги пополнува брчките кога ќе се појават.

– „Фејс лифтингот“ се прави еднаш во животот, кога е добро направен. Со колагенот ги бришам брчките и му благодарам на Господ што можам тоа да си го допуштам – рекла Весна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1