Фото/Видео: Kометата Лавџој го осветли новогодишното небо


Првото небесно тело што во новата година го осветли небото на северната хемисфера, кометата Лавџој, веќе е видлива со голо око и се очекува во текот на следната недела да стане уште посветла.

Кометата Ц/2014 Кју2, именувана по австралискиот астроном аматер Тери Лавџој, патува кон нас од работ на Сончевиот систем. Кометата откриена уште во август го осветли небото кон крајот на декември и ќе биде мошне видлива во темното зимско небо во текот на цел јануари.

kometa43

На 7 јануари таа ќе помине најблиску, околу 70 милиони километри од Земјата. Иако е видлива и за голо око, поради градската светлина најверојатно ќе биде потребен двоглед за да се набљудува Ц/2014 Кју2.

Гледана со голо око кометата ќе биде сива, но во реалноста ова небесно тело произведува зелена светлина, што се должи на јонизацијата од Сонцето.

Кометата Лавџој првично имала исклучително долг период на орбитирање од над 10.000 години, но тој бил скратен поради гравитационите ефекти. Тоа значи дека кометата повторно ќе се врати за само околу 8.000 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1