Каков знак сте во кинески хороскоп и што ве очекува во 2015 година


 

kineski horoskopEве  што ќе се случува на љубовно поле за секој од 12-те знаци во 2015 година или годината на Овенот:

Глушец

Ова сигурно нема да биде вашата среќна година. мажите имаат помали шанси да ја сретнат љубовта на својот живот оваа година. како и да е, и двата пола треба да вложат доста труд и да научат да си го контролираат карактерот. Да избегнуваат караници со луѓето до себе бидејќи така привлекувате лоша карма. Тоа исто ќе ви пречи и на љубовен план. Ако сеуште сте сингл, ви препорачуваме да трошите повеќе време и пари на вашиот социјален живот.

Бик или Крава

Нема да останете сами во 2015 година. дури е возможно да ја најдете љубовта на вашиот живот. Но имајте во предвид дека врските започнати оваа година ќе бидат бележани со доста солзи и болка. Ако сте во врска ќе се соочите со проблеми како недоверба, критики и сл. дефинитивно треба да се обидете да бидете потолерантни за да ви биде годината добра.

Тигар

На љубовно поле ве очекуваат месеци исполнети со среќа. Ќе биде идеално, ако вашиот партнер е куче. Ако веќе имате врска, сега е моментот да ја продлабочите. Евентуални проблеми очекувајте од трета стана – завидливи и љубоморни пријатели. Откријте кој сака да ви ја уништи врската и бидете внимателни! Но не вадете нокти веднаш. Спонтаната и не разумна реакција може да го направат третиот човек победник.

Зајак

2014 не ви одеше добро на љубовно поле, но новата година ќе биде сосема поинаква – исполнета со среќа и романтика. Социјалниот живот ќе ви биде прекрасен. Луѓето ќе ви посветуваат многу повеќе внимание и ќе ве сакаат. Ќе бидат восхитени од вашата убавина и харизма. Тоа е добра претпоставка за започнување на нова врска. 2015 година е добра за решителен чекор – веридба, свадба, дете…horoskop

Змеј

Подобро фокусирајте се на важните за вас работи бидејќи 2015 нема да биде особено романтична за вас. Ако барате љубов ќе треба да се вооружите со трпение – тешко дека ќе ја открите наредниве месеци. Сепак имате некакви шанси во март, август, септември и ноември. Ако имате сериозна врска не се обидувајте да ја продлабочите токму сега. Важно е да ја зачувате врската.

Змија

За змиите Годината на коњот е една прекрасна љубовна година. нема потреба да одиме до детали – осамените ќе си најдат парнер, вљубените ќе изградат стабилни врски, а големи се шансите за брак и деца. Судбината нема да ви биде наклонета само во еден случај – ако се обидувате да седите на два стола!

Коњ

И покрај тоа што оваа година е една од вашите среќни години, нема големи изненадувања на љубовно поле. Но затоа пак ве очекува успех во кариерата како и одличен социјален живот. Ако се обидувате да ја продлабочите започнатата врска премногу брзо, другиот може да побегне. Навистина е подобро да се фокусирате на работата и социјалниот живот, наместо да вршите притисок на љубовно поле.

Коза (Овен)

Ова е вашата година и очекувајте исполнување на вашите најдлабоки желби. Ве очекува плодна година на љубовен план, особено ако сте жена. Ако до сега сте имале проблеми со партнерот, оваа година се ќе се среди. Шансите во 2015 да го сретнете идеалниот партнер се големи. За целта бидете отворени кон нови запознанства и излегувајте почесто.

Мајмун

Ништо посебно нема да се случува на љубовен план. Возможна е кратка афера, но од тоа нема да излезе ништо сериозно. Ако сеуште ја барате љубовта, помислете дали најпрво не треба да ја смените средината, луѓето и начинот на живот. На тоа место, со тие луѓе никогаш нема да го најдете идеалниот партнер.

Петел

Ако до сега сте немале сериозна врска, оваа година дефинитивно ќе имате среќа во љубовта. Шансите да го сретнете човекот на вашиот живот годинава се навистина големи. Ќе имате и активен социјален живот со што шансите за запознавање на вистинскиот човек се дуплираат. Затоа не пропуштајте прилика и кога ќе ве викнат да излезете не двоумете се.

Куче

Ве очекува многу добра година на љубовен план. Се очекува жените од овој знак да станат невести годинава. Но ќе имате конкуренција, па затоа проверете ги вашите пријатели и дознајте кој од нив заслужува да се нарече пријател. Ако врската започнала пред 2014 или Годината на Коњот, но до сега не била доволно сериозна, времето е соодветно за продлабочување. Оние кои се во брак ќе уживаат во многу љубов, слога и романтика.

Прасе

Ако сте слободни оваа година ќе имате големи шанси да го најдете идеалниот партнер. За целта ќе морате да се потрудите да надминете некои лоши црти од карактерот – обидете се појасно да ја покажувате вашата нежна и емотивна страна. Не судете за луѓето од прв поглед. Научете да ги покажувате и вашите силни страни пред луѓето кои ве подценуваат. Ако сте во врска, оваа година вашата љубов ќе цвета. Уживајте и не грижете се за ништо. Коцките во вашиот живот почнуваат да се подредуваат конечно како што заслужувате.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1