1. Неверојатен мозок, Даниел Тамет
– Даниел Тамет е Британец кој страда од благ облик на аутизам но е надарен за математички пресметки, има голема меморија и со неверојатна леснотија ги учи странските јазици.
Во неговиот мозок, како што тој самиот тврдел, секој број до 10 илјади има свој облик и чувство, а резултатите од пресметките може да ги види како пејзажи. Тој ја опишува сликата која ќе ја види за бројот 289 како посебно грда, за 333 многу убава, а за бројот Пи (3,14) гледа преубава слика.
Даниел зборува голем број јазици. Во една прилика го прифати предизвикот да го научи исландскиот јазик. Седум дена подоцна се појавил на исландската телевизија зборувајќи се течен исландски јазик.
2. Момче кое гледа без очи, Бен Андервуд
– Бен Андервуд е слеп, двете очи му се отстранети поради рак кога имал само три години. Но тој води сосема нормален живот бидејќи пронашол начин да минува низ светот. Тој може да го слушне ехото од звукот кога говори кога истиот се одбива од предметите околу него.
„Можам да го слушнам креветот, ѕидот зад мене, телевизорот кој стои таму, компјутерот“, објаснува Бен.
Тој е единствената личност на светот која може да гледа со помош на ехолокација, како сонар или делфин.
3. Најсилните заби, Ратакришнан Велу
– Во август 2007 година Ратакришнан Велу го сруши сопствениот рекорд во влечење на воз со заби со шест вагони и 297 тони во должина од 2,8 метри.
Тој ја совладал техниката на концентрирање на неговите моќи во било кој дел од телото од неговиот индиски учител кога имал само 14 години.